Пет здрави навики кои всушност го забавуваат процесот на слабеење

Ф.З.
/ 31.07.2024 / 16:32

Од рано станување до интензивно вежбање, некои од вашите животни навики може сериозно да влијаат на вашите хормони, а со тоа и на вашата тежина.

Докторка од НХС и специјалист за женско здравје, Сара Џенкинс, вели дека хормоните се гласници на телото и тие комуницираат едни со други за да контролираат сè, од плодноста, тежината, спиењето, менструалниот циклус, апетитот и густината на коските, како и нивото на стрес и менталното здравје.

Кога клучните хормони како што се кортизол, естроген, прогестерон, тестостерон, мелатонин и инсулин стануваат неурамнотежени, тоа може да доведе до голем број проблеми. Овие нерамнотежи можат да бидат предизвикани од различни фактори како што се автоимуни болести, рак или одредени лекови, а понекогаш може да дојде до нерамнотежа на хормоните кога практикувате некои здрави навики.

Станување рано наутро

Иако луѓето кои се будат имаат повеќе време за извршување на задачите и со тоа се физички поактивни во споредба со другите, понекогаш рано будење не е најдобрата опција. Ако сте заспале доцна, подобро е да не се разбудите рано наутро.

Спиењето помеѓу 6 и 8 часа секоја вечер е од клучно значење за вашето целокупно здравје, но особено за одржување на хормоналната рамнотежа. Недостатокот на сон може да доведе до покачени нивоа на кортизол и на тој начин да ги наруши другите хормони. Недостатокот на сон го нарушува и нивото на грелин и лептин, хормони кои го контролираат вашето чувство на глад и ситост.

Употреба на засладувачи

Ако користите засладувачи како замена за белиот рафиниран шеќер, подгответе се дека можеби не му правите услуга на вашиот дигестивен систем. Некои студии покажуваат дека вештачките засладувачи може да имаат негативни ефекти врз цревниот микробиом. Дури и скромните количини на неотам, дериват на аспартамот, може да го нарушат здравјето на цревата, според студијата објавена во списанието Frontiers in Nutrition.

Флаширана вода

Иако пиењето флаширана вода може да звучи како поздрава опција во споредба со водата од чешма, микропластиката пронајдена во овие шишиња може да биде закана за нашиот хормонален баланс.

Хемикалии кои го нарушуваат ендокриниот систем како бисфенол А (БПА), фталати и други пластификатори се хемикалии што можат да ги нарушат хормоните на телото и се наоѓаат во многу шишиња со вода за еднократна употреба.

Исфрлање на масти

Диетата со малку масти може да значи помалку калории, но може да создаде празнина во вашите хормони. Многу хормони бараат масти за нивно производство. Холестеролот е вид на липиди и многу хормони, вклучувајќи ги и стероидните хормони, естрогенот, тестостеронот и кортизолот, се произведуваат од холестеролот. Одредени масти, особено омега-3 масните киселини, играат важна улога во намалувањето на воспалението.

Секојдневен тренинг со висок интензитет

Интензивните тренинзи можат да бидат корисни за телото, но ако се претера можат да му наштетат на здравјето на хормоните. Премногу тренинзи со висок интензитет без соодветно закрепнување може негативно да влијае на хормоните и да доведе до хронично покачени нивоа на кортизол.

Зголемените нивоа на кортизол во текот на подолг временски период може да го ослабат вашиот имунолошки систем, што ве прави поподложни на болести како кашлица и настинка. Исто така, забележано е дека прекумерниот тренинг може да ја ослаби функцијата на тироидната жлезда. Ова може да доведе до намалено производство на тироидни хормони. Тие се клучни за метаболизмот и регулацијата на енергијата. Бавниот метаболизам го отежнува слабеењето и одржувањето на нивото на енергија.

Тагови
реклама

ЕУ: Не смееме да дозволиме тоа што се случи со гасот да ни се случи и со челикот

Read more

Кинескиот MG4 е голем хит во Европа, доаѓа и нова генерација

Read more

Пожарите во ноќни клубови од кои светот не научи лекција

Read more

Темната енергија во универзумот слабее: Што значи тоа?

Read more

Фит

Зошто луѓето кои вежбаат се посреќни од оние кои немаат физичка активност?

Read more

Зошто треба да почнете редовно да одите на лента за трчање?

Read more

Три навики кои тајно го саботираат слабеењето

Read more

Како печурките помагаат за топење на масните наслаги?

Read more
 

Магазин

Пет раси на кучиња кои се најтешки за дресирање

Читај повеќе

Зошто луѓето кои вежбаат се посреќни од оние кои немаат физичка активност?

Читај повеќе

Дали вазелинот навистина ги „брише“ стриите?

Читај повеќе

Како да препознаете дека вашата идна партнерка е незрела личност?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пет туристички атракции во Европа кои се целосно разочарување

Читај повеќе

Колку часа седење претставува ризик за здравјето на срцето?

Читај повеќе

Ви се јаде гиро, ама постите? Има решение

Читај повеќе

Зачини кои може да ги додадеме во кафето за да го заштитиме мозокот

Читај повеќе

Зошто треба да почнете редовно да одите на лента за трчање?

Читај повеќе