Пет знаци дека не внесувате доволно протеини

Протеините се исклучително важни за телото да функционира нормално. Како да знаете дали доволно ги внесувате?

Недостатокот на протеини е редок и најчесто се случува кај лица кои страдаат од анорексија, канцер или се претерано слаби. Сепак, понекогаш веганите или луѓето кои се хранат со исклучително сирови намирници не внесуваат доволно протеини. Освен тоа, во голем дел од растителните намирници не се наоѓаат комплетни протеини, што значи дека им недостасува најмалку една од девет есенцијални аминокиселини кои се наоѓаат во намирниците од животинско потекло, како месото и јајцата. Сојата и киноа семето содржат комплетни протеини.

Според општите препораки, и мажите и жените треба да внесуваат околу 0,8 грама протеини на секој килограм од својата телесна тежина, а оние кои тренираат треба и малку повеќе.

Ова се петте знаци дека не внесувате доволно протеини:

Склони сте на повреди на коските

На вашите коски им е потребно повеќе од здрава доза калциум - потребни им се и протеини. Кога не внесуваме доволно протеини кои даваат енергија на организмот и на мозокот, нашето тело го позајмува од други делови, како на пример од резервите во мускулните ткива. Без поддршка од силни мускулни ткива, коските стануваат склони на повреди и кршење.

Косата и ноктите ви се слаби

Протеините се клучен дел во косата и ноктите, па доколку не ги внесувате доволно, ноктите стануваат меки, а влакната склони на кршење. Косата го губи својот сјај и не е густа како претходно, а доколку недостатокот од протеини трае неколку месеци, можно е и да почне да паѓа, бидејќи телото го запира нејзиниот раст за да сочува протеини во телото.

Губите килограми (односно, губите мускули)

Кога киограмите одат надоле, не мора да значи дека е добра работа. Најчесто, кога луѓето не внесуваат доволно протеини, телото го повлекува од мускулите. А доколку губите мускулна маса, тогаш се таложат масти.

Немате сила

Луѓето кои не внесуваат доволно протеини, почнуваат да се чувствуваат хронично изморени. Нормално, намалената мускулна маса и недостатокот на протеини влијае на ова, но протеините се и составен дел на хемоглобинот, кој е присутен во црвените крвни зрнца и го транспортира кислородот низ телото. А недостатокот на кислород предизвикува чувство на слабост.

Често сте настинати

Протеините се задолжени и за создавање на антитела, кои се создаваат во имунолошкиот систем за да помогнат во борбата против бактериите и вирусите. Доколку не внесувате доволно протеини, го ослабнувате вашиот имунолошки систем и ќе се настинувате почесто.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Здравје

Која храна најдобро е да ја јадеме сирова?

Read more

Како наглата промена на времето ќе ни влијае на здравјето?

Read more

8 секојдневни намирници што помагаат да се подобри здравјето

Read more

Едноставна промена на животниот стил може да го намали крвниот притисок

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Читај повеќе

Кои им се заеднички карактеристики на лошите шефови?

Читај повеќе

Која храна најдобро е да ја јадеме сирова?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп до 21 април според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Како наглата промена на времето ќе ни влијае на здравјето?

Читај повеќе
  • play_arrow

Совршено за велигденскиот пост: Печени компири со грашок

Читај повеќе

Taste Atlas објави листа на најдобрите сирења во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да рециклирате пластични шишиња дома?

Читај повеќе

8 секојдневни намирници што помагаат да се подобри здравјето

Читај повеќе