Пет знаци дека пиете премногу кафе

Кафето е еден од најпопуларните пијалаци во светот, а со оглед на тоа дека овој период минуваме повеќе време дома поради пандемијата, многу лесно може да се случи да претераме со кафето.

Ако се прашувате дали внесувате премногу кафе во организмот, еве како да го дознаете одговорот.

Несакани симптоми

Ако ненадејно почувствувате непријатни симптоми, немојте веднаш да помислите на некоја болест.

„Поголемата количина кофеин може да предизвика симптоми како главоболка, забрзано чукање на срцето, нервоза“, вели нутриционистот Патриша Бенан.

Проблеми со спиењето

Доколку пиете кафе навечер, а забележувате дека имате проблеми со спиењето, може треба добро да размислите за оваа навика.

Пиењето кафе навечер, пред спиење, може да влијае на квалитетот на сонот, но и на општото здравје.

„Кофеинот останува во телото од три до пет часа, така што дури и кафето што сте го испиле попладне има влијание на спиењето“, порачува Бенан.

Недостиг на енергија

Можеби пиете кафе кога мислите дека ви треба повеќе енергија, но всушност така нивото на енергија се намалува. Ако упорно се фаќате за шолја кафе за да го надополните тој недостиг, истото може да влијае на спиењето, а со самото тоа да се чувствувате дополнително уморни.

Стрес

Сите сме под стрес, но ако по цел ден пиеме кафе, само го влошуваме тоа. Благодарение на кофеинот по пиењето кафе расте нивото на кортизол, хормон на стресот.

Дехидратација

Доколку забележите дека сте пожедни откако ќе го испиете вашето кафе, постои поврзаност со тоа. Кафето има диуретичен ефект што влијае на хидратацијата. Затоа треба да внимавате колку кафе пиете, а препорачливо е по кафето да се напиете чаша вода.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Живот

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more
 

Магазин

  • filter

Четири одлични совети: Слабеењето може да биде успешно и без одење во теретана

Читај повеќе

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе