Пет знаци дека потенцијалниот партнер не е спремен за сериозна врска

Не сите се стремат кон сериозна врска, некои луѓе повеќе преферираат да влезат во љубовни афери во кои сакаат да ја задржат слободата. Финтата е што тешко е од прва да ги препознаете таквите луѓе.

Џули Спира е експерт за врски и за Cosmopolitan таа открива пет знаци кои треба да ги препознаете на време, за да не завршите со скршено срце.

1. Самиот кажува дека не сака сериозна врска

Кога момчето ќе ви каже дека не сака сериозна врска немојте да го наговорите да се премисли, ниту да барате длабочина во неговите зборови. На тој начин само ќе го исплашите и ќе го избркате од себе. Размислете дали сакате да останете во таква врска и донесете одлука.

2. Слаба комуникација

Некој кој не е во потрага по сериозна врска нема да има ни потреба секојдневно да комуницира со вас, ниту да разменува пораки. Од друга страна, ако некој маж сака да разговара со вас и да ве запознае, тоа значи дека е спремен за сериозна врска.

3. Сè се сведува на секс

Ако ве бара само во вечерните часови и ве вика на дружење во соба, тогаш од вас веројатно не сака ништо друго освен необврзувачки секс. Ако и вие го сакате само тоа, тогаш супер. Но, ако барате нешто посериозно, време е да тргнете напред.

4. Не е романтичен

Романтиката е неизбежна во почетокот на секоја сериозна врска, а ако тоа го нема меѓу вас, тоа е знак дека тој веројатно не сака нешто сериозно.

5. Не го минува слободното време со вас

Ако избегнува дружење со вас во текот на викендите, празниците и другите слободни денови, тоа може да биде еден од начините на кои се обидува да ви даде до знаење дека не сака ништо сериозно со вас, смета Спира.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Љубов и секс

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Read more

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Read more

Која е просечната неделна доза секс?

Read more

Како сексот може да ви помогне да напредувате на работното место?

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе