Фит

Пет знаци дека треба да направите пауза од вежбањето

19. март 2020 - 19:49 | М.С.

Колку повеќе тренирате, толку повеќе сте изложени на стрес. Доколку не му дадете време на телото да зацели и одмори, правите поголема штета отколку корист. Вежбањето не влијае само на вашите мускули, влијае и на дигестивниот систем, на функционирањето на бубрезите, регулирање на хормоните и многу други работи.

Ова се пет знаци дека на телото му е потребна пауза.

Секогаш имате воспаление на мускулите

Воспалението на мускулите е во ред доколку сте почетник и ја менувате рутината, но ако вежбате редовно не треба постојано да имате воспаление на мускулите.

Зависно од мускулната група, треба да одморите помеѓу 24 и 48 часа до наредниот тренинг. Доколку и после тоа имате воспаление, тоа е знак дека сте претерале со вежбањето.

Постојани промени во расположението и умор

Промените во расположението, депресијата и уморот се чест показател дека сте претерале со физичкиот тренинг.

Невообичаен ритам на срцето

Најдобра мерка дека сте претерале со тренингот и најдобар начин како да проверите дали треба да направите пауза е да го проверите пулсот. Доколку утринскиот пулс е зголемен во однос на нормалниот, тоа е знак дека не сте подготвени за тежок тренинг тој ден.

Постојано сте вкочанети

Во случај да чувствувате вкочанетост во некој дел од телото, неколку дена по ред – ова е уште еден знак дека сте претерале со тренингот. Активноста која константно ја повторувате може да ве доведе до сериозни повреди. Се препорачува истегнување и масажа.

Урината добива темно-жолто боја

Иако повеќето луѓе се свесни дека хидрирањето е задолжително во текот на тренингот, многумина од вас го започнуваат тренингот без претходно да испијат поголема количина на течност. Ова ќе го забележите според урината која ќе добие темно жолта боја.

Доколку забележите некој од овие знаци, пијте вода и опуштете се за да го заштите телото од сериозни повреди. По некое време, ќе продолжите со тренингот.

Коментирај