Останати спортови

ПЕТА не му попушта на Хабиб, ја вмеша и УФЦ

18. септември 2019 - 15:38 | М.С.

Дали ги почитувате или ги игнорирате ставовите на луѓето од организацијата ПЕТА, мора да признаете дека оваа група ја бива да го привлече вниманието на јавноста.

Организацијата која се бори за правата на животните веќе некое време го има на мета рускиот ММА борач Хабиб Нурмагомедов. На YouTube во 2017 година, се појави видео од 1997 година од младиот Нурмагомедов како се бори со мечка.

Од тогаш, шампионот се бори со истата мечка, која тој ја смета за неговата „стара пријателка“.

Откако Нурмагомедов повторно стана актуелна вест со победата против Дастин Поарје со која ја одбрани титулата во лесна категорија во УФЦ, ПЕТА го повика да се откаже од шампионатот додека не престане да се бори со мечката.

„ПЕТА ja повикува УФЦ да го суспендира Нурмагомедов додека тој не почне да ги третира животните со почитта која тие ја заслужуваат“, изјави директорката на ПЕТА, Елиса Ален, за Business Insider.

Доколку не го направат тоа, ПЕТА ќе продолжи јавно да му се обраќа на борачот.

Коментирај