Петгодишниот Рахим Куриев, познат како „Чеченскиот Шварценегер“, стана вистинска сензација на YouTube откако по 2 часа и 25 минути, без пауза, направи 4.105 склекови. Малечкиот сакаше да направи нов светски рекорд, но тоа не му успеа.
Сепак, Рахим не се обесхрабри и вети дека во следниот обид на соборување светски рекорд ќе изведе повеќе од 5.000 склекови. Својот несекојдневен подвиг Рахим му го посвети на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.
За вoзврат, претседателот Кадиров го посети малиот Шварценегер и му подари клучеви од бел Mercedes-Benz Ц класа, пренесува RT.
„Овој автомобил ти е подарок, заслужуваш да се возиш во бел Mercedes“, му кажа Кадиров на малечкиот Рахим.