Живот

Петгодишно дете ја собра цела градинка да присуствува на неговото посвојување

6. декември 2019 - 18:27 | Ф.З.

Едно петгодишно момче од Мичиген ги поканило сите другарчиња од градинката да присуствуваат на процесот на неговото посвојување.

Детето по име Мајкл синоќа формално му се придружи на своето ново семејство со одлука на судот во округот Кент.

Судот на facebook се пофали со фотка од Мајкл каде седи во, за него, огромната столица веднаш до неговите нови родители.

Веднаш зад него беа седнати неговите другарчиња од градинка, а судијката Патриша Гарднер од секое од нив побара да се претстави и да каже зошто е дојдено.

„Мајк ми е најдобар другар“, рече малечкиот Стивен.

„Јас се викам Лили и го сакам Мајкл“, изјави едно мало девојче.

„Школската година ја започнавме како семејство. Семејството не мора да има заедничка ДНК бидејќи семејството е поддршка и љубов“, рече наставничката на Мајкл.

Синоќа беше годишниот ден за посвојување во округот Кент каде 37 деца добија семејства.

Округот Кент се наоѓа во американската сојузна држава Мичиген и во него живеат нешто повеќе од 600 илјади жители. Најголем град е Гренд Рапидс.

Коментирај