Петгодишно дете од Австралија преживеа напад од питон долг 3 метри. Питонот го гризнал детето, па силно се замотал околу него и го одвлекол во базенот, раскажа пред новинарите таткото на детето.
Петгодишното момче си играло покрај базен во Бајрон Беј кога се појавил питонот, вели Бен Блејк, татко на детето.
„Мислам дека питонот чекал да улови птица или друго животно, но за несреќа наишол на детето“, изјави тој за локалните телевизии.
Питонот го гризнал детето, кое потоа паднало во водата, а змијата се замотала околу неговото тело. За среќа, дедото на детето реагирал брзо и успеал да го тргне питонот за да го спаси внучето.
Момчето е добро и закрепнува од нападот.