Петков: Никој не го оспорува вашето идентитетско право

По ниеден начин не ги доведуваме во прашање идентитетот и јазикот на Република Северна Македонија, порача вечерва бугарскиот премиер Кирил Петков.

Тој во одговор на прашање кој е неговиот став за македонскиот јазик и народ истакна дека Бугарија е првата држава која ја призна Северна Македонија како самостојна држава и оти се гордее со тоа.

– Кога си самостојна држава ние по ниеден начин не го доведуваме во прашање идентитетот, јазикот во Република Северна Македонија. Тоа е ваше идентитетско право. Никој тоа не го оспорува, рече Петков во интервју за ТВ Сител.

Постојат, како што рече, две прашања.

– Прво, зошто за толку години не сме направиле поблиски врски. И тоа не на политичка основа. Треба да изградиме вистински взаемни врски кои нема да зависат од тоа кој седи тука. Да не зависи кој е премиер во Македонија или Бугарија. Тие врски треба да се трајни. Ако двата народа мислат дека имаме најдобри односи, ниеден политичар нема да се осмели да направи нешто друго. Второ, не треба да мислиме тесноградо. Дел од проблемите треба да ги адресираме на едно европско ниво. Ако поставиме едни јасни правила, како на пример дека говор на омраза не е дозволен. Секој обид треба да се пресече. Не може да се користи говор на омраза за сосед со кој сакаме да имаме добрососедски односи, посочи Петков.

За да се подобрат односите меѓу двете земји, препорача да се направат работни групи на повеќе сектори, и тие, како што рече, да разговараат на многу конкретни теми, како на пример инфраструктура.

– Прво, да имаме авионска линија Софија-Скопје, затоа што треба да има. Јас сум сигурен дека ќе наполниме еден лет само од работните групи кои ќе одат и тука и таму. Второ, да се заврши железничката линија која се гради 140 години. Тие работи придвижуваат, рече Петков.

Нагласи дека низ годините секоја од страните многу зборувала, многу ветувала, но не исполнувала многу од работите.

– Треба да направиме план – што ветуваме малку или многу, но да се реализира. Тоа ќе создаде чувство на доверба, и кога ќе се довериш некому ќе видиш дека успехот носи повеќе успех. Треба да покажеме конкретен чекор кон успех. Јас сега на првата средба со мене го земам министерот за транспорт, бидејќи сакам тие теми да не бидат предмет на разговор уште три недели, туку за таа авиолинија Софија-Скопје да се договориме што се вели уште утре. Зошто да чекаме? Тој е тој приод. И откако ќе го завршиме тоа, веќе сме го направиле првиот успех. Следува вториот, па третиот и така да ги наредиме успесите и патоказот и да има дисциплина, потенцира Петков.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more
 

Вести

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе