Петмина најгруби фудбалери: Кои се рекордери во црвени картони?

Серхио Рамос е врвен играч. Тука нема сомнение. Тој е еден од најдобрите стопери на денешницата, играч кој со Реал Мадрид и шпанската репрезентација освоил сѐ и тоа по неколку пати.

Тој е одбранбен играч, но неговите голови многупати значеле победа за Реал. Кога би прочепкале низ историјата, најверојатно би дошле до податок дека Рамос е најдобриот стрелец меѓу одбранбените играчи во светот на врвниот фудбал.

Сепак, Рамос е рекордер во една прилично непопуларна категорија – добиени црвени картони. Синоќешниот црвен картон на натпреварот во кој Реал изгуби на домашен терен од Жирона му беше 25-ти во кариерата. По тоа е единствен во петте најдобри лиги.

До вчера, Рамос со 19 црвени картони го делеше првото место со Сирил Рол, поранешен играч на Марсеј, Ница и Бордо и човек кој во целата кариера добил вкупно 25 црвени и неверојатно 187 жолти картони. Во француското првенство бил исклучен 19 пати. Од вчера, Рамос е сам на врвот со 20 црвени картони.

Рамос е „крал на срамните рекорди“ по број на примени жолти и црвени картони во разни категории: играч на Реал Мадрид со најмногу картони во историјата на клубот, играч со најмногу картони во историјата на Лигата на шампиони, играч со најмногу картони во историјата на Ла Лига, играч со најмногу жолти картони во историјата на репрезентацијата на Шпанија, и играч со најмногу картони во историјата на Ел Класико.

Рамос во кариерата има добиено речиси 300 жолти и неверојатни 25 црвени картони, од кои 20 во Ла Лига, 3 во ЛШ и 2 во Купот на кралот, а интересно е што ниту еднаш не бил исклучен во дресот на Шпанија, во 161 настап за репрезентацијата.

Легендарниот Уругваец на Јувентус Паоло Монтеро со 16 црвени картони ќе остане запаметен како „највалканиот играч во Серија А“.

Во Премиер лигата никој му се нема доближано на опасниот Ирец Рој Кин (13), но само бидејќи Премиер лигата под тоа име се игра од 1992 година.

Колку и да е брутален и остар, тој е сепак „мал залак“ за Вини Џонс кој своевремено сними видео со работен наслов „Како наједноставно да му скршите нога на противничкиот играч и да не бидете исклучен од игра“.

Во Бундеслигата очигледно се игра „најмеко“ со оглед на тоа дека рекордер таму е Јенс Новотни со „само“ осум црвени картони.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more
 

Спорт

  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе