Петмина полицајци нападнати од дрвокрадци во атарот на село Степанци

Во Општата болница во Велес синоќа се донесени петмина полициски службеници кои биле нападнати од дрвокрадци во атарот на селото Степанци. 

Еден од нив имал тешки повреди на главата и по укажаната прва помош, околу 22 часот е итно пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Двајца од полициските службеници се пуштени дома, а двајца се задржани на Хируршкото одделение во Општата болница во Велес.

– Еден од нив кој имал повреди од дрвена палка во стомакот синоќа се пожалил на болка и испратен е на Интензивна нега во Хируршкото одделение при Велешката болница и сега е во стабилна состојба, изјави за МИА д-р Весна Неделковска-Николова, портпарол на Општата болница во Велес.

Инцидентот се случил синоќа околу 20 часот на стариот пат с.Извор – Прилеп, во атарот на село Степанци кога група дрвокрадци ја нападнале полициската патрола од пет полициски службеници од Полициското одделение – Чашка.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека досега се приведени четири лица.

– Се работи на расчистување на случајот, изјави Додевски. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Хроника

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Read more
 

Вести

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе