Пет лица се здобиле со повреди во сообраќајка несреќа што се случи вчера на крстосница од улиците „Горно Лисиче“ и „Лисец“ во скопската населба Горно Лисиче.
Во несреќата учествувале Ford, управуван од А.К. (24) од Скопје и Fiat, управуван од С.К. (33) од Скопје.
„Возачот А.К. се здобил со тешки телесни повреди, а возачот С.К. и неговите сопатнички М.К.(31) и две малолетни женски лица, сите од Скопје, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза“, соопшти МВР.
Увид извршила екипа од СВР Скопје.