Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случи денеска околу 13:50 на патниот правец Струмица-Ново Село, во близина на крстосницата кон село Сачево.
Сообраќајката ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, која информираше дека дошло до директен судир на два автомобилa, а пет лица се повредени и се пренесени во cтрумичката болница.
За сообраќајната несреќа информираа и од Територијалната професионална противпожарна единица на Струмица. Шест пожарникари интервенирале во извлекувањето на повредените, кои потоа биле предадени на екипите на брзата помош.
На местото на несреќата се врши увид. Патот е затворен за сообраќај, а полицијата го насочува преку заобиколни патишта.
Повеќе детали за несреќата од полицијата најавуваат за подоцна.