Петнаесет филмови на „Скопје синема сити“ од 6-ти до 10 јуни

Скопје, 23 мај 2018 (МИА) - Музиката и нејзиното филмско претставување е во фокусот на програмата на четвртиот фестивал „Скопје синема сити“ (ССС) чие летно издание ќе се одржува од 6-ти до 10 јуни во Кинотеката на Македонија. Во петте фестивалски дена ќе бидат прикажани 15 филмови.

Како што претходно беше објавено, фестивалот ќе биде отворен со филмот за јапонскиот композитор Руичи Сакамото „Кода“ во режија на Стивен Номура Шибле. Филмот беше прикажан премиерно на филмскиот фестивал во Венеција во 2017, а потоа и на годинашното Берлинале.

Ќе има и претфестивалска програма со изложба на џез-фотографии на фотографката Татјана Ранташа од истакнати македонски џез-уметници од различни генерации. Паралелно со нејзината изложба, насловена „Македонска џезтетика - Ранташа Татјана, фотографии“, настап ќе има и Гоце Стевковски Квинтет.

„Бидејќи централно место има музиката, оваа изложба кореспондира со селекцијата на џез-филмови, и од домашна и од странска продукција кои се на програмата. На програмата се застапени филмови за познатата музичка куќа „Blue Note Recordsс: Приказна за современиот џез“, „Сан Ра: Братот од другата планета“, „Бил Еванс: Сеќавање на едно време“ заедно со кратки филмови од продукцијата Види Вака за Зоран Маџиров и Драган Ѓаконовски Шпато“, соопшти ССС.

Вториот ден на фестивалот ќе биде посветен на познатиот современ композитор Филип Глас со филмовите „Филип Глас: Гледајќи го Глас“ и култниот уметнички филм „Којанискатси“.  На 8 јуни ќе биде прикажан „Лунарна Орбита“ за познатиот електронски состав „The Orb“, а потоа „Визијата за рајот“ на Ли Скреч Пери. На 9 јуни ќе бидат прикажани филмовите за Бил Еванс, кој е еден од најпознатите џез-пијанисти на сите времиња и „Буена Виста Соушал Клаб, Адиос“.

На програмата се и два филма на македонскиот режисер Јордан Дуков за македонските состави „Љубојна“ и „Conquering Lion“ дел од Телма докубенд серијалот. На завршниот фестивалски ден ќе бидат прикажани „Студиото Ханса крај ѕидот 1976-90“ и „Кобејн: Монтажа на еден пекол“.

Влезниците може да се купат на билетарницата на Кинотека на Македонија и онлајн на МКтикетс. Повеќе информации се достапни на веб-страницата  www.nomad.com.mk.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Read more

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Read more
 

Вести

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе