Петнаесетгодишник е еден од 24.000 милионери во Северна Македонија

Над 24.000 граѓани во земјава годишно заработуваат над еден милион денари, а бројката на оние кои оствариле бруто приходи од 100.000 до еден милион денари е половина милион. Најмладиот милионер во земјава има само 15 години, а со доход над еден милион денари е и едно 98-годишно лице. Скопјанец е на листата со највисоки годишни приходи, а највисоката плата е исплатена во здравствениот сектор.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на прес-конференција денеска информираше дека за 2017 година вкупно 455.915 лица поднеле годишна даночна пријава во која пријавиле 192.150.172.035 денари годишни бруто приходи и 11.618.491.776 денари персонален данок.

Над еден милион денари бруто приходи според поднесените годишни даночни пријави имале 24.524 лица.

Највисоки приходи пријавени во годишната даночна пријава има скопјанец во износ од 212 милиони денари што е највисок годишен бруто приход во земјава. Втор на листата со остварени 207.587.649 денари е исто така од Скопје. На листата со највисоки приходи е и граѓанин од Струга со остварени 135.137.869 денари и од Битола со остварени 92.922.049 денари.

Во 2017 година, според податоците презентирани денеска на прес-конференција, највисоката годишна бруто плата изнесува 167.687.011 денари исплатена во секторот здравство. Според висината на платата следат трговија, производство на фармацевтски производи и препарати, компјутерско програмирање, трговија на големо со производи од тутун, производствона фабрикувани метални производи, производство на печки и горилници, специјалистичка медицинска пракса спортски менаџмент и изградба на станбени и нестанбени објекти.

Највисоката остварена капитална добивка изнесува 43.973.500 денари пријавена од страна на граѓанин од Прилеп, додека по основ на дивиденди и други приходи од учество во добивката пријавил граѓанин од Скопје.

Од продажба на сопствени земјоделски производи во 2017 година во износ од 5.726.269 пријавил граѓанин од Скопје.

Од издавање земјиште, станови, деловни простории, превозни средства и друг вид имот најголем приход пријавил, исто така обврзник од Скопје со 52.119.889 денари, додека од авторски права и индустриска сопственост највисокиот приход е 32.786.556 денари пријавена од обврзник од Скопје.

Пензионери со највисоки дополнителни приходи, покрај пензијата, пријавиле битолчанец со вкупни бруто приходи од 55.559.568 и скопјанец со пријавени 53.174.184 денари.

Само од пензија највисоки годишни бруто приходи има скопјанец во износ од 5.728.934 денари.

Најмладото лице кое заработило над еден милион денари приход има младо лице од 15 години, кое ги остварило средствата од интернет услуги.

Со реформата што ја воведе Управата за јавни приходи од годинава граѓаните не поднесуваат годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи, туку УЈП ќе ги достави електронски на даночните обврзници кои претходно се регистрираа на електронскиот систем.

Управата за јавни приходи ќе почне да ги доставува претпополнетите годишни даночни пријави од 1 април на корисничките профили на даночните обврзници. На е-маил адрестата корисникот ќе добие нотификација дека е испратена претпополнетата годишна даночна пријава, која ќе треба да ја потврди или коригира.

Одговорајќи на новинарски прашања директорката Лукаревска соопшти дека УЈП прави анализи за да се добие генерална слика за работење на верските заедници во земјава.

Појасни дека врз основа на закон сега верските заедници не подлежат на фискализација и дека за тоа имало иницијативи и претходно, но оти за тоа треба да се заземе став и да се направат консултации со Министерството за финансии.

Лукаревска потенцира дека ќе може да се фискализираат доколку се стават во една законска рамка, а дека согласно сегашните законски прописи верските заедници се даночат по повеќе основи, дека поднесуваат завршна сметка и дека плаќаат данок на добивка.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Македонија

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Read more

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more
 

Вести

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе