Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на својата Facebook страница сподели видео со легендарната ракометарка Андријана Будимир, во кое разговараат на различни теми поврзани со животот во Скопје, нејзината професионална кариера, тековните и идни градски проекти, но и актуелните проблеми и решенија.
„Скопје има многу приказни. Приказни кои се случиле и приказни кои допрва треба да се случат. Сите подвизи, сите лични и колективни успеси но и неуспеси, сите оние настани и нешта кои се случиле и нè обединуваат како сограѓани и жители на Скопје, без разлика дали сме се родиле тука или со текот на времето Скопје едноставно станал наш град.
Една од тие приказни е и на личност која неизмерно ја почитувам, а тоа е легендарната ракометарка Андријана Будимир. Можеби не може да каже дека се родила тука, но со своите успеси многупати докажала дека Скопје е и нејзин град, а скопјани тоа го препознаа и ја прифатија како отсекогаш да била една од нас.“ - Петре Шилегов.
Зошто Адријана Будимир одлучила да живее во Скопје и зошто ги сака Скопје и Македонија? Зошто нејзиниот ракометен клуб се вика Скопје?
Со градоначалникот на Скопје Петре Шилегов Адријана Будимир ги споделува своите искуства како единствен ракометен тренер на машки клуб.
На што му се жали на Шилегов Адријана која живее на улица „Рузвелтова“? Дали градоначалникот има решение за нејзиниот проблем? Кои главни разлики во градов ги забележува Адријана која се доселила во Скопје во 2001 година?
Зошто Адријана е емотивно врзана за спортската сала „Кале“?
Што најмногу му фали на Скопје, според Адријана Будимир?
Адријана го прашува Шилегов како го замислува Скопје, а Шилегов ја споделува својата визија во видеото „Кога Мислам Скопје“.
„Многу ми е битно Скопје да стане рамномерно развиен град“ – истакнува градоначалникот Петре Шилегов во муабетот со Адријана Будимир.
Погледнете го видеото со Петре Шилегов и Адријана Будимир во кое муабетат за градскиот парк, памптракот, Дино паркот, за градските игралишта, за Универзална сала, за Бас Рапид Транзитот и за иднината на Скопје.