Петровска: ДИЖС ќе го затвори „Пејпер мил“ ако продолжи да го загадува воздухот во Кочани

Државниот инспекторат за животна средина интензивно работи на спречување на загадувањето од фабриката „Пејпер мил“ во Кочани и доколку наскоро состојбите не се променат, можно е нејзино затворање, најави директорката на инспекторатот, Ана Петровска.

При денешната работна посета на Кочани таа оствари средба со градоначалникот Николчо Илијев, при што нагласи дека граѓаните воопшто не треба да се соомневаат за некакви компромиси во битката за чиста животна средина.

– Со последното мерење од почетокот на декември се утврди дека се надминати дозволените вредности, односно беше докажано дека котелот на пелети не може да се користи со постојниот систем за пречистување на отпадните гасови и дека мора да се преземат одредени мерки. Наместо водено отпрашување подобри резултати ќе даде вреќаст филтер, за што сме во комуникација со Министерството за животна средина коешто треба да направи прилагодување на интегрираната дозвола, а компанијата да направи инвестиција за инсталирање таков филтер. Следното мерење е закажано за 30 декември и од резултатите ќе зависи дали и понатаму „Пејпер мил“ ќе може воопшто да работи, односно ако има отстапување од дозволените параметри ќе биде задолжен, наместо со пелети, да работи на метан. Ако тоа не е можно, ќе наредиме престанок на функционирањето на инсталацијата, истакна директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска.

Градоначалникот Илијев нагласи дека локалната самоуправа, во рамки на своите законски надлежности, презема мерки за намалување на причините за аерозагадувањето, истакнувајќи го субвенционирањето на набавката на печки на пелети и инвертер климатизери, како и проектот за спречување на палењето на сламата по жетвата на оризот.

Незадоволството од бавното решавање на проблемот со загадувањето на воздухот во Кочани, особено од „Пејпер мил“, граѓаните го искажаа викендов со двочасовна блокада пред влезот на фабриката, најавувајќи радикални мерки ако наскоро не се постигнат подобрувања на состојбата.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Read more

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе