Живот

Петта среќа: Памела Андерсон се омажи за човек кој ја сака 35 години

22. јануари 2020 - 11:20 | Б.С.Б.

Славната актерка, секс симбол и хуманитарка, Памела Андерсон се омажи по петти пат за човек кој вели дека ја сака цели 35 години.

Станува збор за 74-годишниот продуцент Џон Питерс кој во една прилика откри дека веќе 35 години сака да биде со Памела.

„Со децении можам да бирам со која жена сакам да бидам. Светот е преполн со убави девојки. Но, веќе 35 години сакам да бидам со Памела“, вели Питерс кој ги продуцираше двете верзии на филмот „A Star is Born“, од 70-тите години и новата верзија со Лејди Гага.

Андерсон му кажа „Да“ на продуцентот на филмовите како „Flashdance“, „Witches from Eastwick“, „Batman“ во текот на интимна церемонија во Малибу, на која присутни беа само членови на семејството.

Минатата година 52-годишната Памела стави крај на романсата со францускиот фудбалер Адил Рами кој ја малтретираше.

Пирс и Памела се запознаа кон крајот на 80-тите години на една Playboy забава. Се забавуваа неколку пати во изминатите 30 години, со долги прекини, а повторно стапија во емотивна врска кон крајот на минатата година. Памела беше во брак со рок ѕвездата Томи Ли од 1995 година до 1998 година и со него има двајца синови. Потоа се омажи за музичарот Кид Рок со кој беше во брак од 2006 година до 2007, а потоа два пати се омажи за Рик Саломон. Во брак беа од 2007 година до 2008 и повторно од 2014 година до 2015 година.

Питерс во текот на раните 70-ти години беше во брак со актерката Лесли Ен Ворен, а потоа во врска неколку години со актерката Барбра Стрејсенд. Зад себе има четири брака и три деца.

Ова е петта среќа за двајцата.

Коментирај