Петте најчести погрешни митови за децата-единци

Децата кои се без брат или сестра најчесто се етикетирани како вообразени, себични и разгалени, како целиот свет да се врти околу нив, но тоа не е вистина. Однесувањето на децата-единци најмногу зависи од воспитувањето.

Секако дека овие деца никогаш не мора да ги делат играчките, но нивната личност и растењето зависат од низа фактори, не само од тоа што собата не ја делат со некого. Понекогаш луѓето лесно паѓаат во замката на стереотипите па оваа етикета веднаш им ја даваат на луѓето кои израснале како единци.

Сепак, најновите истражувања покажуваат дека овие деца се разгалени и себични колку и сите деца во светот. Може да бидат, но и не мора.

„Митот за нивната разгаленост е најраспространет, но дека е само мит говори и фактот дека прилично разгалени деца има и во семејствата со повеќе деца“, тврди психологот Сузан Њуман, авторка на книга за совети за родители со едно дете.

Кои други митови може да ги слушнете за децата-единци?

1. Постојано се осамени

Сите понекогаш се чувствуваме осамено и ова чувство не исчезнува кога сме опкружени со луѓе. Во текот на изолацијата го почувствуваме ова, иако многумина од нас останаа со семејството.

На луѓето им е тешко да ја сфатат разликата меѓу да се биде сам и осамен. Кога ќе видите дека едно дете е само, не значи дека е секогаш осамено. Децата навистина уживаат во сопственото друштво и знаат како да се забавуваат. Освен тоа, лесно склопуваат пријателства.

2. Се мора да биде по нивно

Родителите мора да бидат сигурни дека нивното дете се слага со врсниците на училиште и на други социјални дружби. Децата брзо учат и сфаќаат дека може целосно да бидат исклучени од групите ако покажуваат бес и агресија. Освен тоа, децата не се раѓаат агресивни, туку такви стануваат. Се зависи од нивното опкружување, врсниците и начинот на воспитување, исто како и кај останатите деца кои имаат брат или сестра.

3. Подоцна созреваат

Децата кои имаат брат или сестра, освен со родителите, минуваат време и со на себе рамни, за разлика од детето единец кое ги има само родителите. Тоа значи дека цел живот се угледуваат на постари од себе и поради тоа и побрзо растат.

Почнуваат да го следат однесувањето на возрасните и усвојуваат обрасци кои може да доведат до развој на способност на расудување многу порано од другите. но, темпото на емоционална и физичка зрелост кај секое дете е различно и не може да се суди по поединечни параметри.

4. Премногу се чувствителни

Ова е генерализација до крајните граници. Би можеле претерано да реагираат во одредени ситуации или дури и лесно да бидат навредени и низ тие ситуации развиваат чувство да бидат повнимателни кога станува збор за чувствата ба другите луѓе. Има моменти кога навистина сакаат да имаат брат или сестра, но силната врска и одличниот однос со родителите е тоа што ги усреќува и ги прави подобри луѓе.

5. Зависат од родителите

Со оглед на тоа дека целото внимание на родителите е насочено кон нив, постои мислење дека децата стануваат зависни од нив. Но, вистината е дека тие всушност се многу посамостојни од останатите деца.

Можеби им оди потешко да се отворат на другите, но тие се одлични пријатели. Едноставно знаат да ја разберат вредноста на приватноста и тоа го покажуваат така што ја почитуваат туѓата приватност.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Живот

Како да препознаете патолошки лажго?

Read more

Кои им се заеднички карактеристики на лошите шефови?

Read more

Голем неделен хороскоп до 21 април според рускиот астролог Павел Глоба

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more
 

Магазин

Што е најважно за здравјето на црниот дроб, според докторите?

Читај повеќе

Како да препознаете патолошки лажго?

Читај повеќе

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Читај повеќе

Кои им се заеднички карактеристики на лошите шефови?

Читај повеќе

Која храна најдобро е да ја јадеме сирова?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп до 21 април според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Како наглата промена на времето ќе ни влијае на здравјето?

Читај повеќе
  • play_arrow

Совршено за велигденскиот пост: Печени компири со грашок

Читај повеќе