Петти ден протест против францускиот предлог

Пред Владата и денеска започна протест против францускиот предлог, каде се собраа граѓани со транспаренти на кои, меѓудругото, е испишано и мотото на овој протест „Ултиматум - Не благодарам“.

Ова е петти ден, како граѓани и дел од опозоциските партии го искажат своето незадоволство од францускиот предлог, за кој сметаат дека е штетен за државата и оти не ги штити државните интереси.

Пред почетокот на протестот, изјава за медимите даде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој ги повтори ставовите и барањата на партијата во однос предложените документи од ЕУ и апелираше за масовност на протестите, осудувајќи го насилничкото однесување на поеднинци.

Според најавите од пред Владата, протестниот марш треба да продолжи кон Министерството за надворешни работи, па сѐ до Законодавниот дом.

– Полицијата има информации дека насилни протести можат да се повторат и вечерва, информираше утринава министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и додаде дека има група на луѓе која за вечерва подготвува молотови коктели.

Спасовски во објава на Facebook апелираше до сите граѓани кои сакаат да изразат незадоволство преку протест, тоа право да го искористат на демократски начин и притоа да не дозволат да бидат изманипулирани, како што беа некои други и да нападнат полициски службеници или витални објекти.

– Секој напад ќе биде најстрого санкциониран. Посебен апел до сите политички субјекти во државата на одговорен однос, бидејќи тие се задолжени да бидат и најодговорни, наведува Спасовски, додавајќи дека протестот е демократско право и може да го организираат, но никако не смее да организираат насилства и рушење на државата и уставниот поредок.

реклама

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Како би изгледала табелата во Премиер лигата да немаше ВАР?

Read more

Колку треба да пешачите дневно за да ја одржувате тежината?

Read more

Неделен хороскоп од 11 до 17 мај: Што му носи на вашиот знак?

Read more

Македонија

Утре попладне локален пороен дожд со силен ветер, температурите до 31 степен

Read more

Општина Аеродром: Казна од 20.000 евра за незаконско фрлање отпад – нема толеранција!

Read more

Намалување на цените на горивата, дизелот поевтинува најмногу

Read more

ГРОМ: Лукровски дигнал раце од општината, јавна тајна е дека веќе два пати поднесувал оставка

Read more
 

Вести

CNN: Путин навестува крај на војната во Украина, зошто сега?

Читај повеќе

Трамп: Имав договор со Иран четири или пет пати, потоа тие се предомислија

Читај повеќе

Цените на нафтата сè уште над 100 долари

Читај повеќе

Утре попладне локален пороен дожд со силен ветер, температурите до 31 степен

Читај повеќе

Општина Аеродром: Казна од 20.000 евра за незаконско фрлање отпад – нема толеранција!

Читај повеќе

Шпанија: Не можеме секое утро да се будиме прашувајќи се што следно ќе направат САД

Читај повеќе

Намалување на цените на горивата, дизелот поевтинува најмногу

Читај повеќе

Како поранешен полски министер избега од Унгарија во САД без пасош?

Читај повеќе
  • play_arrow

Пентагон ги отвори архивите: Што навистина откриваат документите на Трамп за НЛО?

Читај повеќе