„Минатата недела разгледувајќи ги дејствијата за кои сум обвинет сакам да изјавам дека се чувствувам виновен и се каам за делото“, изјави петтобвинетиот Јордан Ристевски, поранешен советник на ВМРО-ДПМНЕ.
Станува збор за втор обвинет во насилството во Центар кој призна вина. Адвокатот Боро Тасевски му го откажа полномошното на обвинетиот којшто ја призна вината.
Обвинителката Фатиме Фетаи бара за него по признанието на вина да се раздвои постапката и судењето да продожи денес. Иако нема адвокат, одбраната за ова дело не е задолжителна.