Фудбалерите на Лион се изрезилија во францускиот куп испаѓајќи од Бургоан-Жалје, клуб кој се натпреварува во петтиот ранг на францускиот фудбал.
Во 1/16-финалето, Бургоан-Жалје како домаќин по изведувањето на пенали го совлада Лион со 4:2. Во регуларните 90 минути резултатот беше 2:2.
Во 20. минута Лион го доби првиот удар, стрелец за домашните беше Мехди Мужецки. Лион успеа да направи пресврт. Во самиот финиш на првиот дел, во 45. минута израмни Немања Матиќ, додека Лион поведе во 64. минута, кога Грузиецот Жорж Микаутадзе го постигна вториот гол.
Мужецки уште еднаш беше кобен за Лион кога во 69. минута израмни на 2:2 и на тој начин му обезбеди на својот тим изведување пенали.
Во пенал рулетот Лион, најдобрите играчи на клубот Александр Лаказет и Корентан Толисо не успеаја да постигнат гол, додека кај домаќините четворица беа прецизни, единствено промаши стрелецот на двата гола - Мужецки.
Бургоан-Жалје е клуб од истоименото гратче на 35 километри југоисточно од Лион. Формиран е во 1936 година