Peugeot 208 е Автомобил на годината во Европа за 2020

Саемот на автомобили во Женева е официјално откажан поради епидемијата со корона вирусот Covid-19, но организаторите на изборот на Автомобил на годината во Европа решија да не го одложуваат погласувањето на победникот за 2020.

90-тото издание на Саемот требаше да се одржи на 3 и 4 март за новинарите и потоа од 5 до 15 март за пошироката јавност, но е одложен како дел од мерките на претпазливост по јавното здравје воведени ширум Швајцарија, кои подразбираат откажување на сите настани со повеќе од 1.000 луѓе. Изборот на Автомобил на годината 2020 (Car of the Year 2020) беше еден од настаните кои со нетрпение се очекуваа во рамки на саемот.

Во ноември минатата година жирито избра седум финалисти од вкупно 35 кандидати. Услов за да влезе автомобилот во поширокиот избор на кандидати за Автомобил на годината во Европа е да се појави во продажба до крајот на годината и тоа во најмалку пет европски земји.

Жирито од 60 новинари од 23 земји низ Европа специјализирани за автомобилизам го избраа Peugeot 208 за автомобил на годината.

Францускиот автомобил ја понесе победата со 281 поен, во конкуренција со Porsche Taycan, Tesla Model 3, Renault Clio, Toyota Corolla, BMW 1 Series и Ford Puma.

Моделот 208 победи со предност од 39 поени пред Tesla Model 3 кој беше фаворит, но заврши на второто место со 242 поени. Уште еден електричен модел, Porsche Taycan, ја заокружи тројката на врвот со 222 поени.

Ова е трета победа на Peugeot во изминативе седум години – во 2017 победи Peugeot 3008, а во 2014 на врвот беше Peugeot 308.

Вака изгледа конечната листа со поени од изборот Автомобил на годината во Европа за 2020

Peugeot 208 (281 поени)

Tesla Model 3 (242 поени)

Porsche Taycan (222 поени)

Renault Clio (211 поени)

Ford Puma (209 поени)

Toyota Corolla (152 поени)

BMW 1 Series (133 поени)

Целиот настан може да го погледнете во следното видео:

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Авто новости

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Read more
 

Автомобили

  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе