Peugeot го претстави новиот 508 PSE со 355 КС
Peugeot го претстави новиот модел 508 PSE.
Се работи за plug-in хибридна верзија со погон на сите 4 тркала. Го придвижува 1,6-литарски четирицилиндричен мотор и два електрични мотори. Автомобилот развива 355 коњски сили и 550 Nm максимален вртежен момент.
Од 0 до 100 км/ч забрзува за 5,2 секунди и достигнува максимална брзина од 250 км/ч.
Моделот ќе биде достапен во 3 бои: Perla Nera црна, Perla бела и Selenium сива боја.
Цената сè уште не е позната.