Пиењето шест кафиња на ден сепак е штетно за здравјето

Повеќето од нас сакаат да се напијат барем една шолја кафе дневно, но една нова голема студија покажа дека прекумерната потрошувачка на кафе може да го намали обемот на мозокот и на долг рок може да го зголеми ризикот од развој на болести како што е деменција.

Студијата опфатила 17.702 луѓе на возраст од 37 до 73 години, а истражувачите проучувале голем број работи кај испитаниците, вклучувајќи и некои животни навики, како што е пиењето кафе.

Резултатите од студијата укажуваат дека луѓето кои пиеле шест или повеќе шолји кафе имаат 53 проценти поголеми шанси за развој на деменција отколку луѓето кои пијат една или две шолји кафе дневно.

„Кафето е еден од најпопуларните пијалоци во светот. Меѓутоа, бидејќи глобалната потрошувачка е повеќе од девет милијарди килограми годишно, клучно е да ги разбереме сите можни импликации врз здравјето“, рече епидемиологот Кити Фам од Универзитетот во Јужна Австралија.

„Ова е најсеопфатната студија за врските помеѓу кафето, волуменот на мозокот, ризикот од деменција и ризикот од мозочен удар“, додаде таа.

Повеќе од шест шолји кафе дневно може да имаат негативен ефект врз мозокот

„Земајќи ги предвид сите можни пермутации, откривме дека поголемата потрошувачка на кафе е значително поврзана со намален волумен на мозокот - во основа, пиењето повеќе од шест шолји кафе дневно може да ве изложи на ризик од развој на мозочни заболувања како што се деменција и мозочен удар“, вели Фам.

Епидемиологот Елина Хипанен од Универзитетот во Јужна Австралија наведува дека просечната дневна „потрошувачка“ на кафе е помеѓу една и две шолји кафе со стандардна големина, пренесува Science alert. Таа наведува дека неколку шолји кафе дневно генерално не треба да претставуваат проблем.

„Но, ако забележите дека сте почнале да пиете шест или повеќе шолји кафе дневно, треба да размислите дали навистина ви треба таа дополнителна шолја кафе“, истакнува Хипанен.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Здравје

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе