Пијалоци од кои треба да се откажете за да избегнете висок холестерол

Високиот холестерол е чест, но сериозен проблем, особено како што стареете.

Се препорачува возрасните на возраст меѓу 45 и 65 години да прават тестови на крвта еднаш годишно или на две години, а по 65-тата година најмалку еднаш годишно.

Ако не се лекува високиот холестерол, тоа може да доведе до затнување на артериите и срцеви заболувања. За среќа, постојат работи што можете да ги направите за да го одржите здравото ниво на холестерол. Покрај тоа што можете редовно да вежбате, важно е да внимавате што јадете, но и пиете.

Во продолжение ви откриваме од кои пијалоци треба да се држите на страна за да избегнете висок холестерол.

Алкохол

Ако сте изложени на ризик од висок холестерол, преиспитајте колку алкохол консумирате.

„Алкохолот го зголемува нивото на холестерол поради неговата способност да го стимулира црниот дроб да произведува повеќе од таа супстанција“, тврди диететичарот Роналд Смит.

Овошни сокови со додаден шеќер

Природните овошни сокови се здрави, особено оние кои содржат високо ниво на антиоксиданси, како што е сокот од калинка. Сепак, конзумирањето премногу овошни сокови, како оние со додаден шеќер, може да биде потенцијално штетно за оние кои се изложени на ризик од висок холестерол.

Смит истакнува дека овошните пијалаци можат да содржат високо ниво на додаден шеќер, што го зголемува нивото на триглицериди и затоа го зголемува нивото на ЛДЛ холестерол.

Газирани пијалоци

Иако вкусните, газираните пијалоци се исклучително штетни, како за холестеролот, така и за целокупното здравје.

„Тие се полни со шеќер и фосфати, а тие состојки го зголемуваат нивото на холестерол во вашето тело“, тврди Смит.

Милкшејк

И на крај, ако сакате млечни шејкови, можеби ќе сакате да внимавате колку консумирате. Овие пијалоци можат негативно да влијаат на нивото на холестерол. Според извештајот објавен во Laboratory Investigation, заситените масти може да го подигнат нивото на „лошиот“ холестерол и да го намалат „добриот“ холестерол во вашето тело.

Тагови
реклама

Здравје

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе