Пијан гулаб е птица на годината во Нов Зеланд

Шумски гулаб со сини и бронзени перја кој обожава ферментирано овошје е прогласен за птица на годината за 2018 во Нов Зеланд.

Кереру е ендемски вид на гулаб во оваа земја и може да се најде на северните и на јужните острови, во градови и во руралните средини.

Кереру гулабите често паѓаат од гранки откако ќе се најдат премногу труло овошје што почнало да ферментира. Во лето, кога зреат овошките, понекогаш службите ги носат пијаните гулаби во азил за да се отрезнат. Групата за зачувување на животинските видови Forest and Bird ги опишува овие гулаби како „несмасни, пијани, стрвни и гламурозни“.

Кереру гулабите играат клучна улога во расејување на семињата на некои билки карактеристични за Нов Зеланд, токму поради фактот дека се едни од ретките видови кои можат да го голтнат целиот плод и да го исфрлат семето преку изметот.

Кереру гулабот беше очигледен победник на гласањето за птица на годината, со освоени 5.883 гласови.

Какапо папагалот е на второ место со освоени 3,772 гласови, а ретките птици Каки што постојат само во заробеништво се на трето место со 2.995 гласови.

Натпреварот го организираше групата Forest and Bird по 14-ти пат.

Ниту еден вид нема победено два пати, а годинава имаше најголем број гласачи, нешто повеќе од 48.000. Кереру гулабите до пред неколку години беа ловени поради месото и перјата, а сега се заштитен вид и е нелегално да се ловат и убиваат овие птици.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Чек дис аут

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Read more

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Read more

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе