Регион

Пијан Македонец без возачка лудувал низ Дубровник

12. август 2019 - 12:54 | Ф.З.

Македонецот бил казнет со 11.400 куни, а му била изречена и забрана за возење во времетраење од три месеци откако пијан лудувал низ улиците на Дубровник.

Инцидентот се случил во еден и пол часот по полноќ на 6 август кога 33-годишниот Македонец бил запрен на ул. Иван Војновиќ во Дубровник. Тој првично ги игнорирал звучните и светлосните сигнали на полицијата, а бил забележан бидејќи возел пребрзо низ градот, или како што пренесуваат хрватските медиуми, „лудувал“.

Хрватската полиција му нашла 2,65 промили алкохол во крвта, а востановиле и дека лицето при себе нема возачка дозвола.

Општинскиот суд во Дубровник му изрекол казнена глоба од 11.400 куни плус уште 200 куни за судски трошоци, а му изрекол и забрана за возење во времетраење од три месеци.

Коментирај