Хроника

Пијан скопјанец ги нападнал сопругата, синот, ќерката и идниот зет

11. февруари 2019 - 15:55 | МИА

Скопјанка пријавила семејно насилство од пијан сопруг кој ја нападнал неа и децата во семејниот дом.

Во 01:20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, 50-годишна жена од Скопје пријавила дека на 10.02.2019 година околу 22:00 часот во нивниот дом, нејзиниот 54-годишен сопруг, кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал неа, нејзината ќерка, нејзиното момче и синот.

Се работи на расчистување на случајот.

Коментирај