Шеесетгодишен скопјанец со ножици нападнал сосетка.
Според информациите на МВР, вчера во 23 и 20 часот во Скопје, К.Ј.(48) додека со нејзиниот брат се враќале дома, слушнале кршење на стакло и забележала како нивниот сосед Н.С.(60) кршел автомобил Шкода Фабиа со скопски регистарски ознаки, сопственост на З.К.(52).
Тогаш Н.С. во видно алкохолизирана состојба почнал да ѝ се заканува на К.Ј. при што држејќи ножици во рака се доближил до неа, но бил спречен во намерата да ја нападне од страна на друг сосед.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.