Свет

Пијан возач влета во толпа во Њу Орлеанс, 28 повредени

26. февруари 2017 - 12:53 | Макфакс

Пијан возач на камион налета на толпата гледачи на парадата Марди Грас повредувајќи 28 луѓе, од кои 21 се хоспитализирани, а 12 се во критична состојба, извести полицијата.

Возачот е веднаш уапсен, а според изјави на очевидци изгледал како да е под влијание на дрога или алкохол, па градоначалникот Мич Ландри го означи како „пијан возач“.

„Според достапните информации, вкупно се повредени 28 лица, од кои 21 се однесени во болница, вклучително и еден полицаец, додека другите седум одбија превоз“, изнесе на прес-конференцијата полицискиот началник Мичел Харисон, додеа локалните медиуми пишуваат дека 12 лица се критично повредени.

Коментирај