Жена под многу видно дејство на алкохол се искачила на бината за време на концерт на британската пејачка Селин Дион.
Инцидентот се случил минатата недела, за време на концерт кој пејачката го одржала во Лас Вегас.
Пијаната обожавателка и се доближила на пејачката и притоа се обидела да и објасни дека нејзиниот син неодамна имал операција, трансплантација на коскената срцевина, и дека би сакала сите од публиката да бидат донатори.
Селин Дион ги спречила членовите на обезбедувањето кои се обиделе да ја отстранат жената од бината, и притоа и се обратила:
„Драго ми е што се качивте на бината вечерва. Драго ми е што ми пријдовте вака блиску“, рекла Селин Дион во обид да ја смири пијаната жена, која продолжила со своето нападно однесување, а се обидувала и да пее на микрофонот.
„Ние имаме сопствени деца кои ги сакаме и ќе се бориме за нив. И двете носиме злато, а тоа е знак“, рекла Селин Дион.
На тој начин, Селин ја смирила пијаната обожавателка, за потоа тие двете да се прегрнат, а пејачката подоцна и помогнала на жената да се симне од бината.