Пијани руски војници кои се возеле во оклопно возило урнале бетонски ѕид додека изгубени ја барале нивната единица.
Група пијани војници со оклопно возило ја пробиле оградата на аеродромот, а снимката од несреќата стана хит на интернет. На снимката се гледа како возилото удира директно во оградата и ја пробива како да е направена од картон.
По повик на дежурната екипа, на аеродромот стигнале и полицајците, кои го запреле возилото и ги уапсиле војниците. Целиот инцидент е снимен со безбедносната камера на армиската авијација.
Со возилото управувале двајца војници на гардиската бригада, а утврдено е дека биле во алкохолизирана состојба.