ПРЕМИЕР ЛИГА 2024/2025 - БОКСИНГ ДЕЈ

Пикфорд му одбрани пенал на Хoланд, Сити пак не победи

Боксинг деј во Премиер лигата започна со дуелот од 13:30 часот на кој Манчестер Сити не успеа да го победи Евертон.

Голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, му одбрани пенал на Ерлинг Холанд на стартот од вториот дел и спречи водтво на „Граѓаните“.

Сити и Евертон ги поделија бодовите натпреварот од 18. коло во англиската елита играјќи 1:1 на „Итихад“, а „Граѓаните“ пропуштија можност да поведат водство на стартот од вториот дел.

Поведе Сити во 14. минута преку Бернарду Силна, но гостите од Ливерпукл израмнија вои 36. минута со голот на сенегалскиот репрезентативец Илиман Ндиај.

Се играше 52. минута кога Виталиј Миколенко го собори Савињу во шеснаесетникот, а судијата Сајмон Хопер покажа на белата точка.

Топката ја зеде Норвежанецот Ерлинг Холанд и шутна во долниот десен агол на Пикфорд, но голманот на репрезентацијата на Англија го прочита и го одбрани неговиот удар.

Интересно беше да се види шишето со вода во кое гледаше Англичанецот пред пеналот на Холанд, што му овозможи да знае на која страна ќе шутира Норвежанецот.

На него беа испишани страните каде шутираат одредени фудбалери на Манчестер Сити, што се покажа како успешна тактика кога шутираше Норвежанецот.

Манчестер Сити четврти натпревар во низа нема победа во Премиер лигата, а токму Холанд синоќа изјави дека тој е главниот виновник за лошата форма на тимот.

Со овој бод „Граѓаните“ сега имаат 28 бодови и до крајот на денот, откако ќе се одиграат сите натпревари, многу веројатно дека ќе паднат од 6. место. Евертон има 17 бодови и засега е 15-ти.

реклама

Кинески хороскоп за мај: Детална астро анализа за сите знаци

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Зошто има толку голем раст на заболени од рак на дебело црево меѓу младите?

Read more

Запален домот на Александар Пандов: Нема да нè запрат и нема да нè поколебаат

Read more

Фудбал

Најубавата фудбалерка е слободна: Алиша Леман раскина

Read more

Каде се денес првите 7 играчи што ги потпиша Клоп за Ливерпул?

Read more

Барса и Интер вечер во различно расположение, но со иста цел - чекор кон финалето

Read more

Ненадејно почина Николче Здравески, легенда на Победа

Read more
 

Спорт

Најубавата фудбалерка е слободна: Алиша Леман раскина

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде се денес првите 7 играчи што ги потпиша Клоп за Ливерпул?

Читај повеќе

Барса и Интер вечер во различно расположение, но со иста цел - чекор кон финалето

Читај повеќе

Ненадејно почина Николче Здравески, легенда на Победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ со скромен трипл-дабл, Мареј беше херојот на Денвер

Читај повеќе

Анчелоти пишманџија

Читај повеќе

Пулишиќ ќе го продолжи договорот со Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Жрепката се насмевна: Алкалоид прво ќе гостува, пехарот во ЕХФ купот ќе се додели во Скопје

Читај повеќе

Мистериозна поврзаност: Кога умира папа, Лигата на шампиони ја освојува англиски тим

Читај повеќе