Подгответе вкусна пилешка салата со кикирики.
Состојки:
350 грама пилешки стек
200 грама кисела павлака
150 грама мајонез
1 лажица сенф
4 кисели краставички
100 грама печени кикирики
100 грама сусам
Подготовка:
Пилешкиот стек сварете го и исечете го на коцки. Сусамот пржете го на суво за малку да порумени. Печените кикирики иситнете ги во блендер, а потоа и киселите краставички ситно ги исецкајте.
Сите состојки соединете ги заедно со павлаката, сенфот и мајонезот. Добро измешајте, посолете по вкус и послужете.