Рецепти

Пилешко со њоки во сос од сенф и павлака за готвење

13. април 2019 - 12:12 | МИА

Брз ручек со вкусни состојки.

Потребно е:

4 парчиња пилешки стек
5 лажици путер
1 лажица сенф
300-400 мл павлака за готвење
1-2 лажички ким
1 пакување њоки

Подготовка:

– Сварете ги њоките во солена вода.

– Пилешкиот стек исецкајте го на коцкички и пропржете ги на путер.

– Кога ќе добијат убава боја, додадете го сенфот, а веднаш потоа и павлаката за готвење.

– Посолите и побиберите.

– Кога ќе почне да врие, исклучете ја ринглата и додајте ги њоките.

– Одозгора посипете со ким.

Коментирај