Капетанот на полски LOT пријавил во полиција во Подгорица дека во авионот на таа компанија има бомба.
На терен е и полицијата, како и полициската антидиверзантска заштита, пренесуваат медиумите во соседството.
Од аеродромот официјално беше соопштено дека нешто пред 17 часот на аеродромот во Подгорица започнала вонредна инспекција на авионот на националната полска авиокомпанија LOT, пишува црногорскиот дневен весник Vijesti.
Од таму изјавиле дека авионот бил изолиран и далеку од патничкиот терминал.
„Сите други патници се безбедни, а останатите операции засега се одвиваат непречено. Контролата се врши според пропишаните процедури во синхронизирана акција на Полициската управа, аеродромот и другите служби“, се вели во соопштението.
Авионот од Варшава (LO585) летал над Црна Гора, но капетанот по дојавата ѝ јавил на Контролата на летање дека мора да слета на пистата на аеродромот во Подгорица.
Полскиот авион слетал во 16:34 часот и во тек е антидиверзантска проверка, стои во написите на медимите.