Поранешниот американски пилот Мајкл Хак призна дека сторил непристоен и развратен чин кога во текот на лет минатата година се соблекол во пилотската кабина пред негова колешка и гледал порнографија на лаптоп.
Судија во државата Мериленд го осуди на условна казна од една година и му нареди да плати парична казна од 5.000 долари.
Инцидентот се случил на лет од Филаделфија кон Орландо на 10 август 2020 година. Кога авионот достигнал определена висина, Хак станал од пилотското седиште, ја соблекол облеката и гледал порнографија на неговиот лаптоп.
„Продолжил да се однесува непристојно во пилотската кабина, додека копилотката продолжила со извршување на должноста“, изјави обвинителот.
Помошник обвинителот Мајкл Канингем рече дека копилотката имала право да не биде изложена на вакво однесување, неповрзано од тоа што го мотивирало.
Хак ја призна вината дека намерно извршил „развратен и непристоен чин“. Тој се извини за неговото однесување, додавајќи дека сè започнало како шега меѓу него и колешката.