Пилотот го заборавил пасошот: Авион со 257 патници морал да се врати

Макфакс/Кајгана
/ 25.03.2025 / 09:39

Авион на United Airlines кој летал од Лос Анџелес за Кина морал да се сврти во воздух и да се врати откако било откриено дека еден од пилотите полетал без пасош, потврдија од авиокомпанијата за CNN.

Авионот со 257 патници и 13 членови на екипажот полетал од меѓународниот аеродром во Лос Анџелес во 14 часот по локално време и се упатил кон северозапад. Планот бил да се стигне до Шангај преку Тихиот Океан.

Меѓутоа, два часа подоцна, авионот се свртел и се упатил кон Сан Франциско, каде што слетал околу 17 часот, според веб-страницата FlightAware.

„Пилотот немаше пасош во авионот. Договоривме нов екипаж кој ќе ги однесе нашите патници до нивната дестинација таа вечер. На патниците им беа доделени ваучери за оброк и компензација“, соопштија од United Airlines.

Новиот екипаж полетал околу 21 часот и слетал во Шангај околу шест часа подоцна.

реклама

Свет

Израел Кац: Продолжуваме со војната против Иран без временско ограничување

Read more

Мелони ги обвини сојузниците САД и Израел за нападот врз Иран

Read more

Кремљ: Ограничувањата на интернетот во Русија ќе траат колку што е потребно

Read more

Ким Џонг Ун со ќерка му гледаа тестирање на крстосувачка ракета

Read more
 

Вести

Мицкоски: Зголемен е процентот на странските инвеститори кои се задоволни од бизнис климата во државата

Читај повеќе

Израел Кац: Продолжуваме со војната против Иран без временско ограничување

Читај повеќе

Ќе се прави ескспертска анализа како државата одговори на трагедијата во Кочани

Читај повеќе

Намалена затворската казна на Гордана Филиповиќ која усмрти пешак на мостот „Гоце Делчев“

Читај повеќе

СВР Охрид алармира: Не отворајте лажни пораки за наводни сообраќајни прекршоци

Читај повеќе

Трендафилов повика на протест на 14 март за зголемување на платите

Читај повеќе

Мелони ги обвини сојузниците САД и Израел за нападот врз Иран

Читај повеќе

Кремљ: Ограничувањата на интернетот во Русија ќе траат колку што е потребно

Читај повеќе

Тајна шахта и кражба на струја од над 56.000 евра откриени во станбено-деловен објект во Тетово

Читај повеќе