Пингвини од Чиле и Аргентина, најнова атракција во ЗОО Скопје

Во Зоолошката градина во Скопје денеска официјално беше отворен „Заливот на пингвините“, со што прв пат ЗОО Скопје е дом на овие егзотични птици, а тие се најголема атракција.

Се работи за пингвини кои живеат во топли краишта и потекнуваат од Чиле и Аргентина. Моментално има 9 пингвини, три кои пристигнаа од Италија во декември лани, а сега пристигнале и други 6 пингвини од Москва, со што е комплетирана групата пингвини во ЗОО Скопје.

Војо и Маја, кои се грижат за пингвините од нивното доаѓање во Скопје, посочуваат дека 90 години и повеќе функционира Зоолошката градина, но досега немало пингвини и немале искуство од кое можеле да научат, но заеднички како тим добро се вклопиле за да може да ги адаптираат овие животни овде.

Живеалиштето, вели Војо, било прилично комплицирано затоа што од едната страна имало фламинга, а од другата страна пингвини, две тотално различни егзотични птици што треба да се адаптираат.

– Зоолошката градина е една магија, илузија, што треба да ја создадеме за да можете да мотивирате повеќе емпатија на животните и природата, кај самата публика да ја создаде за да може да ги сакаат и почитуваат повеќе животните, изјави Војо.

Нагласи дека пингвините бараат многу нега на стапалата, бараат свежа риба, што е комплицирана варијанта, како што рече, бидејќи неколку пати на ден треба да се одмрзнува и да се средува таа риба.

– Живеат во Чиле и во Аргентина каде имаат често пати потреба од ветер и затоа направивме специјални вентилатори, што ќе ги палиме повремено за да можеме да ги разладиме пингвините. Но, прв пат имаме живеалиште кое филтрира вода и потоа истата ја употребува. Гледаме да го направиме најдоброто за животните, појасни Војо.

Ѓорѓи Галетановски, директор на ЗОО Скопје, по овој повод денеска, меѓу другото, посочи дека нивната мисија е да се подобри животот на сите животни, децата да ја имаат зоолошката градина за своја и ќе се продолжи со разубавување на живеалиштата сѐ додека не влезат во Европската асоцијација.

Според градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, со ова се дооформува целиот комплекс, што заедно со живеалиштата на фламингата Град Скопје и ЗОО Скопје ги чинело околу 18 милиони денари.

Во изминатите три години, посочи Шилегов, во ЗОО се направени многу работи и го спомена Дино паркот во кој досега имало преку 60 илјади посетители, што покажува, подвлече, дека Градот е должен и понатаму да инвестира во вакви атрактивни содржини, што ќе ги привлекуваат посетителите, а истовремено ќе бидат и едукативни за најмладите.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Македонија

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Read more

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more
 

Вести

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе