Pininfarina B95 Gotham изгледа како Batmobile и чини 4,9 милиони евра

На Монтереј неделата на автомобили во Калифорнија Pininfarina Cars ќе го прикаже првиот од своите 4 хиперавтомобили инспирирани од Бетмен.

Станува збор за целосно електричен модел на Pininfarina B95 Gotham, кој ја комбинира платформата на компанијата Rimac и тело без покрив инспирирано од Бетмен, односно неговиот Batmobile.

Италијанската марка објави дигитални рендери на четири уникатни хиперавтомобили на 30 април, вклучувајќи два примерока на B95 и два примерока на Battista. Сите тие се создадени во соработка со компаниите Warner Bros. Discovery Global Consumer Products (WBDGCP) и Relevance International.

Pininfarina B95 Gotham ќе го има своето прво јавно деби во Калифорнија, а по повод оваа прилика, хиперавтомобилот е фотографиран заедно со легендарниот Tumbler Batmobile во студиото што се користеше за снимање на трилогијата „Dark Knight“. Беше обоен во сјајна црна Argento Vittorio боја и доби мат црни и сјајни бандажи. Внатрешноста е обложена со кожа и содржи уникатна нишка. Pininfarina додаде и логоа на Wayne Enterprises на телото и контролната табла, додека уникатната графика го краси екранот за инфозабава. Виртуелниот асистент го има гласот на Алфред Пениворт, батлерот на Брус Вејн. На плочата од возачката страна е изгравиран натписот „All men have limits… I ignore mine“ (Сите луѓе имаат граници... ги игнорирам моите).

Како и стандардниот модел на Pininfarina B95 Barchetta, уникатниот Gotham се напојува со 4 електромотори кои испорачуваат 1.900 КС, а се напојуваат од литиум-јонска батерија со капацитет од 120 kWh. Други специјални понуди на тема Бетмен, исто така, ја споделуваат платформата и спецификациите на Rimac.

Pininfarina B95 Gotham ќе дебитира на 16 август и ќе биде изложбен модел, додека вистинскиот уникат наменет за клиент допрва треба да ја напушти работилницата на Pininfarina во Камбијано, Италија.

Малку подоцна ќе дебитираат моделите Battista Gotham, B95 Dark Knight и Battista Dark Knight. Пининфарина ќе направи само по еден примерок, Battista ќе чини 3,4, а моделите B95 4,9 милиони евра.

реклама

Два авиона биле блиску до судир на небото над Скопје, започната истрага

Read more

Во очекување на циклонот Борис: Европа се подготвува за најголемите поплави во последните децении

Read more

3 цвеќиња со кои ќе ја разубавите градината и во есен

Read more

Кромидот останува свеж еден месец подолго ако се чува на правилно место

Read more

Концепти

Renault го претстави новиот R17 Restomod, електричен концепт инспириран од 70-тите

Read more

Carbon Piranha е рестомод базиран на легендарниот модел Ford Sierra RS500

Read more

Pininfarina B95 Gotham изгледа како Batmobile и чини 4,9 милиони евра

Read more

Lanzante го претвори Porsche 935 во чудовиште легално за патиштата

Read more
 

Автомобили

Револуционерните Mercedes батерии го зголемуваат опсегот на електричните автомобили за 80%

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Nissan Qashqai го собори Гинисовиот рекорд за највисок банџи скок на автомобил

Читај повеќе

BMW и Toyota ќе го претстават првиот заеднички модел на водород во 2028 година

Читај повеќе
  • filter

Реставриран најстариот Bentley T-Series во светот

Читај повеќе

Pirelli и Bosch најавија соработка за развој на „паметни“ гуми

Читај повеќе

Volkswagen повторно ги покачува цените на повеќето модели

Читај повеќе
  • filter

Hennessey Venom F5-M е најмоќниот автомобил во светот со рачен менувач

Читај повеќе
  • filter

BMW M5 е новиот safety car во MotoGP шампионатот

Читај повеќе

Во кои брендови најмногу веруваат возачите кога купуваат половен автомобил?

Читај повеќе