Музика

Пинк најави нов албум во април

22. март 2019 - 12:10 | А.С.

Пинк ја претстави новата песна „Walk Me Home“ уште во февруари, а завчера го објави и спотот за неа.

Американската пејачка која од почетокот на март е на светска турнеја насловена „Beautiful Trauma“ најави дека во април ќе го објави новиот албум „Hurts 2B Human“.

Пинк досега има објавено седум студиски албуми што се имаат продадено во околу 50 милиони примероци. Има освоено бројни Греми, MTV, Билборд и други музички награди во нејзината кариера.

Нејзиниот последен албум „Beautiful Trauma“ излезе во 2017 година и го освои првото место на листата Билборд 200.

Коментирај