СЕРИЈА А 2020/21

Пиоли: Аталанта е единствениот тим кој не можеме да го победиме

По синоќешниот дебакл во кој лидерот Милан беше преслушан среде Милано од Аталанта, тренерот Стефано Пиоли признава дека за него Аталанта е нерешлива енигма.

„Мислам дека Аталанта е единствениот тим кој не можеме да го победиме. Тие јасно и гласно ни го загорчија животот“, почна Пиоли зборувајќи за Sky Sport Italia.

Аталанта синоќа со 3:0 се прошета низ Милано. Кристијан Ромеро во 26. минута го отвори резултатот, на 0:2 зголеми Јосип Иличиќ од белата точка во 53. минута, а кочените 0:3 ги постави Дуван Сапата во 77. минута. Деби за „Росонерите“ запиша новото засилуваше Марио Манџукиќ кога на 20 минути пред крајот влезе во игра, но не успеа ништо да промени.

Remote video URL

„Почнавме добро, со многу играчи во офанзивата. Разочарувачки е начинот на кој го примивме првиот гол, а потоа вториот го реши натпреварот. Имавме време, но не можевме да се вратиме во игра“, додава Пиоли.

Инаку ова беше втор пораз за Милан сезонава во Серија А. Прв пат загуби од Јувентус пред три кола, исто така дома (1:3).

„Можевме да пружиме повеќе, знаевме дека треба повнимателно да се браниме, а чувањето не ни одеше како што треба, но требаше и да бидеме подобри при бликирањето на нафрлувањата. Аталанта беше подобра оваа вечер, пораз може да се случи кога се игра против силен тим. Разочарани сме, по вториот гол едноставно загубивме верба“.

Киксот на Милан синоќа не го искористи Интер кој одигра без голови на гостувањето кај Удинезе, па Милан останува прв, но сега со два бода предност пред градскиот ривал.

„Лигата е навистина компетитивна, знаеме дека е тешко, но ние сме таму на врвот и сакаме ние да го имаме главниот збор околу тоа“, заврши Пиоли.

Remote video URL
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Read more

Крај на сезоната за Де Јонг

Read more

Официјални состави: Милан - Интер

Read more

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе