СЕРИЈА А 2019/20

Пиоли: Ибра ќе игра, тој е како лав

Златан Ибрахимовиќ конечно е во составот на Милан и се очекува вечерва да игра против тимот на СПАЛ.

Тренерот Стефано Пиоли потврди дека Швеѓанецот е спремен и со голема желба чека да истрча на зелениот терен. Тој се наоѓа на списокот на повикани играчи за дуелот вечерва во Ферара.

„Психолошки е во одлична состојба, добро ги одработува тренинзите. Тој е како лав, секогаш е воден од огромна мотивација и одлучност“, вели Пиоли за мотивираноста на Ибра.

Златан нема официјален настап откако се прекина калчото. За време на карантинот во Италија тој беше во Шведска каде слободно тренираше и играше контролни натпревари со Хамарби, но пред рестартот на Серија А се повреди.

Милан и без него во досегашните три натпревари одигра добро. Испадна од Јувентус во Копа Италија, но без да загуби, додека во лигата ги среди Лече и Рома постигнувајќи вкупно 6 голови.

СПАЛ и Милан играат вечер од 21:45 часот на „Паоло Маца“ стадионот во Ферара.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе