Пиоли: Милан мора да се засили за да биде конкурентен

Стефано Пиоли упати апел до управата на клубот да инвестира во тимот откако трета сезона по ред ќе игра во Лигата на шампионите. „Ако сакате да сте конкурентни на два фронта, тогаш е јасно дека тимот мора да се подобри“.

На „Росонерите“ синоќа и бод им беше доволен од гостувањето во Торино кај Јувентус за да обезбедат место во Лигата на шампионите наредената сезона, но со голот на Оливје Жиру успеаја дури и да ги однесат трите бода.

Со тоа Милан ја комплетираше италијанската четворка заедно со Наполи, Лацио и Интер. Шанса да им се приклучи има и Рома, но само доколку в среда ја освои Лига Европа во финалето против Севиља во Букурешт.

„Очигледно е дека Лигата на шампионите ни донесе многу повеќе отколку што очекувавме и тажни сме што испаднавне во полуфиналето од Интер, но нашето патување беше многу подолго отколку што било кој се надеваше“, вели Пиоли говорејќи за DAZN.

„Истовремено, во Серија А не одигравме онака добро како што очекувавме, но ете сме во Лигата на шампионите трета последователна сезона. Навистина не знам колку години имаат поминато откако се случило вакво нешто“.

Но, доколу Милан сака наредната сезона да биде поконкурентен, прво во Серија А, а и во Лигата на шампионите, повеќе од јасно е дека ќе мора летово да се донесат засилувања.

„Тоа секогаш зависи од очекувањата и што сакаме да постигнеме. Ако сакаме да сме конкурентни во трката за Скудетото и да бидеме подобри во Лигата на шампионите, тогаш кристално јасно е дека тимот мора да се засили. Ни требаат добри играчи за да се подигне квалитетот. Не ми е гајле дали се млади или не, сакам да тренирам млади играчи, но нам ни се потребни повеќе опции“.

„Ако се млади, тогаш треба да сте подготвени да ги чекате, како што ние направивме со Леао и Тонали, кои порани беа критикувани. Клубот е доблесен и мора да продолжи по патот во којшто верува, но доколку сакаме да бидеме конкурентни во трката за титулата и да напредуваме во Лигата на шампионите, тогаш потребни ни се квалитетни играчи“, додаде.

Прашање е колку Милан финансиски може да се дозволи да се натпреварува на пазарот со парајлииите од европскиот крем.

„Тоа е работа на клубот, не моја. Малдини и Масара комуницираат со газдите, тие треба да знаат што да прават и какви ресурни ни се достапни“.

Засега чаршиските муабети велат дека во Милан ќе дојдат засилувања како Рубен Лофтус-Чик од Челси, Шер Ндур од Бенфика, Даичи Камада од Ајнтрахт и Рис Нелсон од Арсенал.

Милан има неколкумина играчи чија позајмица истекува на 30 јуни и кои потоа треба да се вратат во своите клубови. Дали Милан ќе задржи некој од нив, останува да видиме. Тука станува збор за Брахим Диас (Реал Мадрид), Астер Вранкс (Волфсбург), Тимуе Бакајоко (Челси) и Сержињо Дест (Барселона).

За заминувањата од Милано најгласна е гласината дека Златан Ибрахимовиќ ќе ја засили Монца.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе