СЕРИЈА А 2020/21

Пиоли: Милан сѐ уште ништо нема постигнато

„Росонерите“ направија голем чекор кон обезбедување на место во Лигата на шампионите со победата над Јувентус, но далеку од тоа дека работата е завршена бидејќи има уште три натпревари до крајот.

Веќе утре Милан го чека нова битка и тоа повторно во истиот град. Милан пак оди за Торино каде овој пат ќе му се спротивстави на другиот клуб од пиемонтската престолнина, тимот на Торино кој грчевито се бори за опстанок.

„Мора да држиме баланс. Исто како што не се демотивиравме после Лацио, не треба ниту да се залетаме после Јуве“, вели тренерот Стефано Пиоли кој денеска одржа прес-конференција.

Милан го столчи Јуве во неделата среде Торино, го помина на табелата, но разликата од 3 бода на три кола до крајот воопшто не му дава мир на Пиоли.

„Фокусирани сме, овој натпревар е премногу важен, сѐ уште имаме потреба од освојување бодови. Јасно е дека победивме против историски ривал, имаме верба и свесни сме, но јасно ни е дека уште ништо не сме постигнале“.

„Ќе можеме да славиме тек тогаш кога ќе обезбедиме место во Лигата на шампионите. Сега треба да го задржиме ставот. Не се плашам од еуфорија, но загрижен сум бидејќи детали секогаш можат да одлучат натпревар, а ние имаме некои проблеми“.

Торино со добри резултатите во последниов период излезе од опасната зона, но сѐ уште стравува за опстанокот бидејќи само 4 бода го делат од последното место кое води во Серија Би.

„Утрешниот натпревар ќе биде различен од оној во неделата. Противникот негува сосема поинаков систем и однесување, така да ќе зависи од изборот што јас ќе го направам. Тимот е добро, опоравен, мораме да влеземе во натпреваров со истото внимание“.

Утрешниот ќе биде трет натпревар помеѓу овие два тима сезонава бидејќи се сретнаа и во Копа Италија. Тогаш во осминафиналето одиграа 0:0, а Милан победи на пенали, додека на првиот лигашки натпревар „Росонерите“ победија со 2:0.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more
 

Спорт

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе