Пиоли: Оганот кој гори во нас ја прави разликата на терен

Со вчерашната победа во последните моменти од натпреварот, Милан, неочекувано за многумина, оди на мини-пауза како лидер во Серија А.

Нормално, голема заслуга за резултатите оди кај тренерот Стефано Пиоли кој е мозокот позади добрите игри.

„Многу сум горд на моите момци. Правиме нешто многу важно. Со Ибра на терен сме многу посилни, но го вадиме најдоброто од сите и без него. Упорноста да пробуваме да дојдеме до победата сѐ до крајот е она кое нѐ носи“, вели тој.

Синоќа со голот на Тео Ернандес на „Меаца“ падна Лацио кој до 92. минута имаше 2:2.

„Свесни бевме дека мораме силно да притиснеме на крајот и успеавме“.

„Заслугата за овие игри? Таа е на клубот кој ни овозможува најдобри услови за работа. Потоа на стручниот штаб кој ми стави на располагање млади, но подготвени момци кои можат уште да се подобрат“.

Беше запрашан и дали Милан ќе се засилува за време на зимскиот преоден рок оглед на тоа што сега тимот е во битка за Скудетото.

„Доколку постојат услови ќе пробаме да го подобриме тимот, но јас и вака сум задоволен. Тоа е поради фактот што ние можеме уште да се подобриме со она што го имаме. Оганот кој гори во нас ја прави разликата на терен и мораме да го чуваме запален“, смета стратегот.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Фудбал

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе