СЕРИЈА А 2021/22

Пиоли: Судијата ни се извини

Тренерот на Милан откри дека судијата Марко Сера им се извинил на неговите фудбалери поради поништувањето на голот за победа, која потоа се претвори во пораз.

Милан синоќа доживеа неверојатен пораз од 1:2 среде Милано од малата Специја во 22. коло од Серија А.

Главниот судија Марко Сера го поништи голот на Месиас при крајот на натпреварот откако досуди слободен удар поради фаул над Анте Ребиќ. Кога Хрватот беше фаулиран топката дојде до Месиас, кој веднаш упати удар и постигна гол, но судијата во меѓувреме ја прекина играта судејќи фаул за Милан.

Грешката на судијата е што не почитуваше предност, односно требаше да ја остави играта и да види дали Милан ќе остане во напад, ако не, потоа да ја прекине за слободен удар.

Играчите на Милан беа бесни на ваквата одлука, а моменти подоцна Ганецот Емануел Џаси постигна победнички гол за Специја за триумф на „Џузепе Меаца“.

„Пробав да ги смирам играчите, но не успеав. Тоа го докажува и голот на Специја“, вели Стефано Пиоли говорејќи за Dazn.

„Знаевме дека е неправда, потоа и сами сме си криви, но вината ја делиме со судијата. Жал ми е што го кажувам ова. Тој дури и ни се извини, можеби тоа дури и не ни беше фаул. Штета“.

„Како и да е, требаше да постигнеме повеќе голови во првото полувреме. Ова беше лоша ноќ и сега мора да реагираме“.

Капитенот Тео Ернандес промаши пенал во последната минута од првиот дел, а само минута подоцна Рафаел Леау го отвори резултатот. По паузата Кевин Агудело израмни во 64. минута.

„Требаше да победиме, а некако успеавме да загубиме. Тешко ни е. Знаевме дека имаме добри шанси, голот на Леау требаше да ни влее самодоверба, не успеавме да ја завериме победата која силно ја посакувавме. Но, сезоната сѐ уште е долга“, оптимист е Пиоли.

Remote video URL

Следува тешок распоред за „Росонерите“ бидејќи в недела играат со Јувентус, а потоа ги чека градското дерби со Интер.

„Не заслуживме да загубиме, наша грешка беше голот за израмнување. Тоа е она што треба да го поправиме. Овој натпревар ќе ни даде мотивација за наредните предизвици“, заврши Пиоли.

Со победа синоќа Милан ќе избиеше на првото место на табелата бидејќи Интер ремизираше со Аталанта и разликата стана два бода. Но, „Росонерите“ ја прокоцкаа шансата, па сега останувата втори со 48 бодови, два помалку од Интер и напревар повеќе од лидерот. Специја, пак, сега има 22 бода и е 14-та.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Фудбал

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more
 

Спорт

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе