Пипен жестоко го критикува Мајкл Џордан во новата книга со мемоари

Книгата со мемоари на Скоти Пипен ќе биде пуштена во продажба за точно седум дена, а денес беше објавен извадок кој се однесува на документарната серија на ESPN „Последниот танц“, која се занимава со легендарните Чикаго Булс од средината на 90-тите, но во преден план го става Мајкл Џордан.

Документарецот многумина го нарекоа контроверзен, Тони Кукоч рече дека е „70 проценти точен, а останатото е приказна за да се продава“, Стив Кер ја претстави и својата верзија на приказната за некои настани кои не биле како што биле прикажани, Хорас Грант рече дека 90 отсто од прикажаното е „срање“, а претходно му замерувал на Скоти Пипен, наводно незадоволен од начинот на кој била прикажана неговата кариера.

Во своите мемоари повторно погледна на сè, повторно со критики.

Величењето на Џордан

„Последните две епизоди беа емитувани на 17 мај. Како и во претходните осум, го величаа Мајкл Џордан и не ми оддадоа почит  мене и на моите горди соиграчи. Голем дел од вината за тоа лежи кај Мајкл. Продуцентите му ја дадоа последната контрола, инаку документарецот немаше ни да биде објавен. Тој беше главен, тој беше режисер“, напиша Пипен и продолжи:

„Мајкл беше решен да ѝ докаже на оваа генерација фанови дека е поголем од животот во текот на неговата кариера и дека е сè уште поголем од Леброн Џејмс, играч за кој луѓето велат дека е еднаков со него, ако не и подобар. Затоа ја покажа својата приказна“.

Џордан на пиедестал, соиграчите на второ место

Пипен, заедно со Џордан, најистакнатиот играч на Булс во тоа време, исто така изјавува дека бил наивен што очекувал нешто поразлично од документарецот „Последниот танц“, онаков каков што излезе во јавноста.

„Секоја епизода беше иста. Мајкл на пиедестал, соиграчите на второ место, помали, како во текот на неговата кариера. Секоја сезона добивавме малку или воопшто не добивавме пофалби за победите, но бевме силно критикувани кога губевме. Мајкл можеше да погоди 6/24, да има пет загубени топки, а во очите на медиумите и публиката која го обожаваше, и понатаму беше Џордан кој не греши“, тврди Пипен и додава:

„Разговарав со голем број соиграчи кои се чувствуваа омаловажено како мене со овој документарец. Како се осмели Мајкл да се однесува така со нас после сѐ што направивме за него и неговиот скапоцен бренд? Мајкл Џордан никогаш не би бил Мајкл Џордан ако не бевме јас, Хорас Грант, Тони Кукоч, Џон Паксон, Стив Кер, Денис Родман, Бил Картрајт, Рон Харпер, Би Џеј Армстронг, Лук Лонгли, Вил Пердју и Бил Венингтон. Им се извинувам на сите што ги изоставив.“

Само Џордан бил платен за документарецот

Пипен потоа додаде дека Џордан би бил голема ѕвезда без разлика во кој клуб играл, дека бил спектакуларен, а потоа додаде:

„За работите да бидат уште полоши, Мајкл доби 10 милиони долари за неговата улога во документарецот, а јас и моите соиграчи не добивме ништо. Само уште едно потсетување на поредокот од старите времиња“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Кошарка

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Read more

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Read more

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Read more

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе